Македонија дајте „гаранции“ на хартија, се изгоревме од ветувања

Кошта декларативно „гарантира“ дека за Македонија нема да има следни блокади. А, да ги дадевте „на писмено“?

За потсетување, истото ни го зборуваа и „верглаа“ редица европски политичари, многу поеминенти од сегашните (меѓу нив и Меркел) при промената на името на државата, но ништо од тоа не се исполни. Овојпат, за промена, Македонците не веруваат во „усни“ гаранции и ветувања, и бараат нешто конкретно„на хартија“, за да и ние, како и Жељасков и Кошта да можеме да се повикаме на нешто што го потпишал Бугарскиот премиер или министер.

Кошта декларативно „гарантира“ дека за Македонија нема да има следни блокади. А, да ги дадевте „на писмено“?
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на заедничкиот брифинг со бугарскиот премиер Росен Жељазков изјави дека демек го разбирал „одреденото“ незадоволство кај  Македонија поради бројните чекори што веќе ги направила – промена на Уставот, знамето и името на државата – но, за промена, нагласи и дека треба да и се гарантира на Македонија дека нема да има натамошни блокади и условувања. За жал, тој тоа очебијно го подразбира како усна гаранција, како и десетиците ветувања досега, кои сите до едно изјаловија.

„Во исто време, многу е важно да се изгради доверба. И да и’ се гарантира на Македонија дека она што го очекуваме и сакаме во моментов не е само нешто што го сакаме сега и очекуваме во иднина. Нема да бараме ништо повеќе да се прави подоцна. Ова е разумно. Исклучително е важно да се изгради доверба. Тоа е една од причините зошто ги повикуваме повеќето влади да работат на специфични прашања што можат да ја подобрат поврзаноста на двете страни“, рече Кошта, пренесе БНТ.

Проблемот е што гаранциите на Кошта се само декларативни, а истите тие агитатори и убедувачи се повикуваат на слова на хартија потпишани од политичките дилетанти Димитар Ковачевски и Бујар Осамни, поддржани од инфантилниот политички мецена Заев. Сега од Македонија се бара на„жими мајка“ да внесе Бугари во Устав, а тие „гарантирале“ дека нема да има натамошни блокади?! Чуму, не на писмено, ако веќе толку сте убедени дека ќе ги нема?

За потсетување, истото ни го зборуваа и „верглаа“ редица европски политичари, многу поеминенти од сегашните (меѓу нив и Меркел) при промената на името на државата, но ништо од тоа не се исполни. Овојпат, за промена, Македонците не веруваат во „усни“ гаранции и ветувања, и бараат нешто конкретно„на хартија“, за да и ние, како и Жељасков и Кошта да можеме да се повикаме на нешто што го потпишал Бугарскиот премиер или министер.

Зошто ГАРАНЦИИТЕ НА ХАРТИЈА ви се проблем, прашуваат македонските познавачи на состојбите?

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Освен, ако не мислите/планирате повторно да го погазите кажаното.

Односно, доколку не сте сигурни во гаранциите кои ги „гарантирате“…

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top