Свет Германски канцелар

Мерц незадоволен од улогата на Европа во светот

Зависни сме од американската поддршка. Во исто време, земји како Кина, Индија и Бразил создаваат нови партнерства со Русија, нагласи Мерц.

Мерц незадоволен од улогата на Европа во светот

Германскиот канцелар Фридрих Мерц, во интервју за официјалниот медиумски канал на неговата партија Христијанско-демократска унија, изрази загриженост дека Европа не ја исполнува својата улога на светската сцена и не ги штити соодветно своите интереси.

Тој како пример ја посочи војната во Украина

– Во моментов, не сме во можност да извршиме ефикасен притисок врз (рускиот претседател Владимир) Путин да ја запре оваа војна. Зависни сме од американската поддршка. Во исто време, земји како Кина, Индија и Бразил создаваат нови партнерства со Русија, нагласи Мерц.

Но, и покрај тоа, тој ги поздрави знаците за обновено европско единство.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Ова во голема мера зависи од посветеноста на германската Влада и, во овој случај, од посветеноста на германскиот канцелар, истакна Мерц.

To top