Познати Прајм видео

Софи Тарнер ќе ја глуми Лара Крофт

-Многу сум возбудена што ја најавувам импресивната Софи Тарнер како нашата Лара, заедно со овој феноменален креативен тим, нагласи авторката на новиот проект.

Софи Тарнер ќе ја глуми Лара Крофт

Продукцијата „Прајм видео“ потврди дека глумицата Софи Тарнер (позната и како Санса од „Игра на престолите“), е следната која ќе ја глуми улогата на авантуристката Лара Крофт.

Таа, имено, ќе биде дел од претстојната ТВ-серија „Томб рајдер“ (македонските дистрибутери го преведуваат насловот како „Ограбувачи на гробници“). Предводена од креаторката Фиби Волер-Бриџ, Тарнер ја презема улогата што претходно ја одиграа Анџелина Џоли (2001, 2003) и Алиша Викандер (2018). Порталот „Фар аут“ потсетува дека Тарнер со години беше во трка за оваа улогата којашто најверојатно ќе ја направи акциона ѕвезда, а друг можен избор беа Мекензи Дејвис, Ема Меки и Луси Бојнтон.

Зборувајќи за кастингот, Волер-Бриџ изрази дека е возбудена за проектот.

-Многу сум возбудена што ја најавувам импресивната Софи Тарнер како нашата Лара, заедно со овој феноменален креативен тим, нагласи авторката на новиот проект.

И Софи Тарнер рече дека е едвај чека да ја глуми Лара Крофт и вети дека ќе даде сè од себе за да го направи тоа како што најдобро може. Иако истакна дека ќе мора „да обуе нечии огромни чевли“, Тарнер вели дека е подготвена за предизвикот.

-Со Фиби на чело, сите сме во многу сигурни раце. Едвај чекам сите да видите што имаме во план, рече глумицата.

Засега, други глумци не се соопштени. ТВ-серијата е во претпродукција.  (МИА)

To top