Хроника

Скопјанец удрен од автомобил додека излегувал од паркирано возило, возачот избегал

Скопјанец удрен од автомобил додека излегувал од паркирано возило, возачот избегал

На 03.09.2025 околу 20:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки удрило во Х.Ј.(36) од Скопје, кој излегувал од патничко возило „тојота“ кое претходно го паркирал, а возачот со возилото го напуштил местото на настанот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Х.Ј., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот.

Најнови вести од Хроника

To top