Ракомет

Ѓоргиев: Алкалоид ќе се бори до крајот и нема да се предаде така лесно

Ѓоргиев: Алкалоид ќе се бори до крајот и нема да се предаде така лесно

Во име на тимот на Алкалоид пред реваншот со Хановер 27:37 зборуваше капитенот Игор Ѓоргиев.

Средниот бек истакна дека тимот не размислува да се предаде предвреме и покрај високиот пораз во Германија и вети максимална борба.

„По дуелот во Германија со екипата на Хановер, сега ни следи домашен дуел пред нашата публика. На првиот меч екипно имавме лош ден пред се во нашата реализација, за чисти ситуации и пенали, што против една таква екипа е недозволиво. Негативата е голема, но ние нема да се откажеме во ниеден момент. Со помош на нашата публика ќе се бориме. Пред мечот го добиваме и пехарот во Европскиот куп, па затоа ја повикувам јавноста во сала, прво да се израдуваме на пехарот заедно, па потоа да бидат наш осми играч“, изјави Ѓорѓиев.

Натпреварот меѓу Алкалоид и Хановер се игра во сабота од 19:30 часот во салата „Автокоманда“, а ќе биде посебен момент за македонскиот тим затоа што ќе го добие ланскиот освоен пехар во Европскиот Куп на ЕХФ кој го освои со победа над АЕК Атина во финалето.

To top