Кошарка

Андреј Митревски потпиша за Пелистер!

Андреј Митревски потпиша за Пелистер!

Македонскиот репрезентативец Андреј Митревски е нов член на кошаркарскиот прволигаш Пелистер, потврди клубот од Битола.

Митревски своите квалитети ги покажа и во претходниот претквалификациски циклус за СП 2027 во кој беше меѓу ретките светли точки во македонскиот национален тим, во просек бележејќи по 10,3 поени, 2,5 скокови и 2 асистенции по натпревар.

За услугите на овој кошаркар, кој доаѓа од редовите на скопскиот прволигаш Феникс, се интересираа и неколку клубови од американската НЦАА-лига, но тој го избра токму Пелистер како идеална опција за напредок во кариерата.

To top