Македонија Интервјуа општина Брвеница

Илиевски во интервју за КУРИР: Граѓаните се посебно задоволни од решавањето на децениските проблеми во инфраструктурата

Мојата визија за Брвеница е јасна. Општина пример за планирање и реализација на добри и значајни проекти, рече Јовица Илиевски.

Илиевски во интервју за КУРИР: Граѓаните се посебно задоволни од решавањето на децениските проблеми во инфраструктурата

Во полошкиот регион на Македонија се наоѓа општина Брвеница. Таа опстојува како посебна од 1996 и опфаќа 10 села во северозападниот дел на државава со претежно македонско и албанско население.

Прв човек на општината е Јовица Илиевски, кој е избран за градоначалник на општина Брвеница за период 2021-2025, а воедно е и кандидат за градоначалник од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за истата функција.

Со градоначалникот Илиевски разговаравме за значењето на довербата која ја доби како кандидат за втор мандат, но и за неговата визија и приоритети за општина Брвеница.

Повторно ја добивте довербата да бидете кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за да бидете кандидат за градоначалник на општина Брвеница. Како ја доживувате таа чест и одговорност пред сограѓаните?

-Со голема одговорност ја прифаќам кандидатурата за втор мандат за градоначалник на општина Брвеница. Сакам да му се заблагодарам на претседателот Христијан Мицкоски за укажаната доверба и на жителите на општина Брвеница кои во голем број од сите етнички заедници застанаа зад мојата кандидатура. Номинацијата за втор мандат претставува голема чест и признание за мојот вложен труд како градоначалник на општина Брвеница, но и уште поголема одговорност пред граѓаните на општина Брвеница да продолжиме да работиме уште повеќе, уште подобро и уште потранспарентно за да го подобриме животот на сите граѓани на нашата општина, изјави Илиевски за Курир.

 

Успешно реализирана промоција за градоначалник за втор мандат во општина Брвеница. Голема благодарност до сите присутни што ми давате поддршка и поттик заедно да направиме поуспешна и модерна општина Брвеница.

Posted by Jovica Ilievski on Saturday, August 30, 2025

Во интервјуто кое го направивме за КУРИР.МК се навративме на изминатите години во кои Илиевски управуваше и раковидеше со низа проекти кои се од големо значење за жителите на општината.

Го прашавме што може да издвои како особено важно од неговиот прв мандат градоначалник на општина Брвеница, а тој ги издвои проектите на кои е посебно горд.

-Во првиот мандат како градоначалник на општина Брвеница вложив многу труд и енергија да ги согледам низата пропусти и проблеми во кои ја затекнав општината, а воедно и да се постават вистинските цели и насоки како да ја направиме општината подобро место за живеење. Заедно со мојот тим и советот на општината за четири години успеавме да ја реализираме целокупната предизборна програма, дури и проекти кои не беа во програмата, а се појавија како потреба на жителите на општината се реализирани или се во фаза на реализација. Досега се реализирани 115 проекти од сите сфери клучни за подобар живот на граѓаните. Од реализираните проекти би го издвоил реконструкција на улицата Поречко Мало во село Радиовце во која 40 години немаше вложувано. Денес жителите на оваа улица се движат по нов асфалт обележан со пешачки премини и целосна хоризонтална сигнализација, реконструирани тротоари, забавувачи на брзина за поголема безбедност, штедливи ЛЕД светилки а трајно е решен и најгорливиот проблем со атмосферските води, рече тој.

Во делот на патната инфраструктура, општина Брвеница ќе биде меѓу ретките општини што во целост ја комплетира истата. Градоначалникот вели дека граѓаните се задоволни од овој голем потфат.

-Граѓаните се посебно задоволни со решавањето на децениските проблеми со инфраструктурата кои ми беа приоритет во овој мандат. Со комплетирање на патната инфраструктура во вториот мандат оставаме простор за нови проекти и модернизација на општината, рече Илиевски.

Facebook / Јовица Илиевски

Континуирано се вложува и во спортот, во Брвеница се реконструираше и се врати во функција фудбалскиот стадион после две децении.

-Во проектите за спорт ставивиме посебен акцент и слободно можам да кажам дека во изминативе четири години во општина Брвеница е вложено како никогаш до сега. Го ставивме во функција фудбалскиот стадион, се обновија фудбалски клубови кои беа згаснати, обезбедивме финаниска подршка за сите фудбалски клубови, посебно сум горд што во сите населени места изградивме современи мултифункционални терени за баскет и мал фудбал со вештачка трева и по сите стандарди, истакна градоначалникот.

Facebook / Јовица Илиевски

Кои проекти ќе бидат во вашата нова изборна програма?

-Во моментот ние сме во фаза на изработка на изборната програма која што ја изработуваме заедно со граѓаните преку организирање на средби и состаноци низ населените места. Од граѓаните ќе се собират идеи и предлози за реални и остварливи проекти кои ќе бидат опфатени во мојата изборна програма. Особено место ќе имаат проектите кои ќе донесат посветла иднина за младите, намалување на иселувањето, економски напредок на општината, отварање на индустриски развојни зони, нови работни места, уредување на паркови, комунална инфраструктура, образование, спорт, култура и др. Од проектите би ги издвоил изградба на културен дом во Брвеница, реконструкција на фудбалскиот стадион со изградба на нов објект соблекувални и трибина, проширување на детската градинка и многу други проекти кои ќе ги направиме во соработка со граѓаните, изјави градоначалникот Јовица Илиевски.

Се унапредуваше транспарентноста и отчетноста пред граѓаните и институциите, така што Брвеница стана најтранспарентна општина во Полошкиот регион и меѓу најдобро рангираните во државата.

-Ова признание го гледам како одговорност кон граѓаните и заедно со советот и општинската администрација постојано вложуваме напори за што поголема транспарентност и отчетност затоа што граѓаните имаат право да бидат запознаени со секој сегмент од работењето на општината, рече тој.

Со гордост истакнуваме дека нашата општина е меѓу првите општини во Полошкиот регион кои активно работат на унапредување…

Posted by Jovica Ilievski on Saturday, April 5, 2025

Илиевски во интервјуто за КУРИР открива која е неговата визија за општина Брвеница.

-Мојата визија за Брвеница е јасна. Општина пример за планирање и реализација на добри и значајни проекти. Општина во која социјалната инклузија е нормално секојдневие и во која младите ќе гледаат потенцијал и иднина. Општина која и понатамо ќе биде препознатлива по спортските и културни случувања. Општина со чиста и здрава животна средина, со добра инфраструктура и модерни училишта. Општина сите ќе живееме заедно без поделби, со почит и соработка. Општина во која секој граѓанин ќе знае каде оди секој денар. Општина со отворени врати, отворени податоци и отворено срце за секого, потренвира Илиевски во интервјуто за КУРИР.МК.

To top