Република ЈЗУ Општа болница - Куманово

Кумановската болница со поддршка за мајките – доилки

Доењето обезбедува нутриенти и имунолошки фактори важни за здравјето и напредокот на новороденчето. Воедно, го заштитува здравјето на мајката и создава силна емоционална врска мајка – новородено, изјави супспецијалист неонатолог д-р Александра Христова.

Кумановската болница со поддршка за мајките – доилки

Јавната здравствена установа Општа болница – Куманово и годинава се приклучи кон светската кампања за поддршка на доењето, информираа денеска надлежните од установата. Годинешното мото на светската алијанса за доење е „Здрави почетоци, надежни иднини“.

– И во текот на светски месец на доењето, но и во текот на целата година, се преземаат активности што ѝ помагаат на мајката да отпочне со доење и да го одржи доволно долго. Доењето обезбедува нутриенти и имунолошки фактори важни за здравјето и напредокот на новороденчето. Воедно, го заштитува здравјето на мајката и создава силна емоционална врска мајка – новородено, изјави супспецијалист неонатолог д-р Александра Христова.

Според СЗО и УНИЦЕФ, ова е основна превентивна интервенција во намалување на смртноста во рана детска возраст, опфаќа иницијација на доењето во првиот час по раѓањето, па сè до втората година од животот. Ексклузивното доење е камен – темелник за намалување на стапката на смртноста кај децата и процентот на болестите кај децата, бидејќи обезбедува суштински, незаменливи хранливи материи важни за растот и развојот на детето и ја обезбедува првата имунизација на новороденото, заштита од потенцијални агенси – респираторни инфекции, дијареја.

Преку 120 земји се вклучени во кампањата за поддршка на доењето, што се одржува секоја година во рамките на Светската недела на доење. Првпат е одбележана 1992 година. Кумановската болница е пријател на бебињата уште од 2000 година и досега остварува значителен напредок во подигање на квалитетот на здравствена грижа кон мајките и бебињата.

На светско ниво, целта е да се препознаат сите мајки-доилки од кој било дел од светот и со помош на активности од здравствените работници, семејството, компаниите да се разберат потребите на мајките кои сакаат да дојат и да им се помогне во остварување на таа цел.

To top