Останати спортови

Филипсен ја освои осмата етапа на Вуелта

Филипсен ја освои осмата етапа на Вуелта

Белгискиот велосипедист од тимот Алпецин-Декунинк, Јаспер Филипсен, ја забележа својата втора етапна победа на годинашната грантур-трка, Вуелта (Шпанија), по онаа на стартот.

Филипсен во фотофиниш во осмата етапа ги победи Италијанецот Елија Вивијани (Лото) и Итан Вернон (Израел-Премиер Тех) од Велика Британија на етапата долга 163,5 км, која се возеше од Монсон Темпларио до Сарагоса.

Црвената маичка за лидерската позиција во генералниот пласман, на 13 етапи до крајот, ја задржа Норвежанецот Торстајн Трен од тимот Бахреин Викториус со предност од две минути и 33 секунди пред Данецот Јонас Вингегор (Визма-Лиз) и Португалецот Жоао Алмеида (УАЕ Емирати ХРГ), кој доцни две минути и 41 секунда. Вчера следуваше деветтата етапа со ридско возење од Алфаро до Валдескарај во должина од 195 км. До крајот остануваат уште 13 етапи.

To top