Фудбал

Форца ќе игра ЛШ во Љубљана со два украински и словенечки ривал

Форца ќе игра ЛШ во Љубљана со два украински и словенечки ривал

Македонскиот футсал шампион Форца го очекува нов голем европски предизвик. Тимот од 28 октомври до 2 ноември ќе настапи во словенечката престолнина Љубљана, каде што ќе одигра три натпревари во рамки на главната рунда од УЕФА Футсал Лигата на шампиони.

Форца е дел од групата 8, во која противници ќе им бидат два украински тима – ХУТ Киев и Аурора Тим, како и домашниот претставник Футсал Силико.

Сите средби ќе се играат во Љубљана, а пласман понатаму ќе обезбеди само најдобро пласираниот тим во групата. Во клубот владее оптимизам дека тимот ќе успее да се прикаже во најдобро светло на меѓународната сцена.

To top