Република Центар за култура „Трајко Прокопиев“

Пет претстави на „КУ ФЕСТ“ во Куманово

Отворањето на фестивалот ќе биде во понеделник во 19:30 часот, а претставите ќе се прикажуваат од 20 часот, информираа денеска од НУЦК „Трајко Прокопиев“

Пет претстави на „КУ ФЕСТ“ во Куманово

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово вечер започнува балканскиот театарски фестивал „КУ-ФЕСТ“. Фестивалот ќе трае пет дена.

– На фестивалот има три претстави на албански јазик (1, 2 и 5. септември), една на српски јазик (3. септември) и една на македонски јазик (4 септември 2025). Отворањето на фестивалот ќе биде во понеделник во 19:30 часот, а претставите ќе се прикажуваат од 20 часот, информираа денеска од НУЦК „Трајко Прокопиев“

Фестивалот има натпреварувачки карактер, а наградите ќе бидат доделени последниот ден в петок на 5 септември. Влезниците можат да се набават секој работен ден од 17-20 часот на билетарницата на НУЦК „Трајко Прокопиев“ по цена од 200 ден.

To top