Олимпик Марсеј и Милан се договорија за Адриен Рабиот кој наскоро ќе го засили италијанскиот клуб.
Милан ќе плати десет милиони евра плус бонуси.
Управата на Олимпик Марсеј пред две недели ги стави на трансфер-листата Адриен Рабио и Џонатан Роу, поради жестока вербална пресметка во соблекувалната и непочитување на клупските дисциплински норми.
Тоа само го забрза процесот на заминување на репрезентативецот.
Рабио пред да дојде во Олимпик Марсеј играше за ПСЖ и Јувентус.