Македонскиот ракометен тим Алкалоид пристигна во Германија, каде и официјално ќе ја започне новата натпреварувачка сезона.
Освојувачот на ЕХФ Купот немаше среќа во ждрепката за плеј-офот за влез во Европската лига, затоа што за противник го доби бундеслигашот Хановер. Но, во таборот на Алкалоид секогаш владее оптимизам, па така ќе биде и за овој дромеч.
„РК Алкалоид пристигна во Германија и е подготвен за првиот меч со РК Хановер Бургдорф во Европската лига на ЕХФ“, стои во објавата на клубот.
Првата средба со Хановер се игра во недела, со почеток од 17:00 часот со директен пренос на националниот сервис.