Ракомет

Е.Пелистер пресилен за Ловќен

Е.Пелистер пресилен за Ловќен

Македонскиот ракометен шампион Е.Пелистер ја запиша и втората победа на регионалниот ракометен турнир кој се одржува во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје и се наоѓа на чекор до освојување на првото место.

Избраниците на Рубен Гарабаја рутински го победија првакот на Црна Гора, Ловќен од Цетиње 37-27 (16-13).

Повторно во ростерот на пелистерци не настапија голманите Хаидарирад и Митревски, и Манасков, Ристевски и Кузманоски.

Овој натпревар беше прво соочување на битолчани со нивниот поранешен капитен, Мирко Радовиќ, кого го даруваа пред почетокот на натпреварот.

To top