Македонскиот ракометен вицепрвак Вардар 1961 победнички го стартувааше Регионалниот турнир кој за првпат се игра во Скопје.
„Црвено-црните“ славеа над црногорскиот првак Ловќен Цетиње со убедливи 38-29. На паузата беше плус седум за Вардар, 19-12, а на овој меч македонскиот тим играше во комбиниран состав и Чупиќ испробуваше тактички варијанти.
Сите играчи кои беа дел од протоколот, добија шанса да играаат со Ловќен.
Во текот на денот претходно во машка конкуренција, Еурофарм Пелистер ја победи Војводина.
Кај дамите, Будуќност и Бор ги добија Ѓорче Петров и Металург Автокоманда.
Женски турнир:
15:00 – Металург Автокоманда – Бор 21-27
19:00 – Ѓорче Петров – Будуќност 23-38
Машки турнир:
17:00 – Еурофарм Пелистер – Војводина 30-29
21:00 – Вардар 1961 – Ловќен 38-29