Фудбал

Втора победа на Форца во футсал ЛШ

Втора победа на Форца во футсал ЛШ

Македонскиот футсал шампион Форца ја запиша втората победа во вториот меч од групната фаза од квалификациите за Лигата на шампионите која се игра во Куманово.

Форца славеше над првакот на Сан Марино, екипата на Мурата, која во тврд меч ја доби со 1-0. Единствен стрелец беше Сефери во 20. минута од мечот во Куманово.

Форца во третото коло од групата на ЛШ ќе игра со Ереван, првакот на Ерменија, за првото место во групата кое носи прогрес во следна рунда.

To top