Кошарка

Дончиќ за Егзум: Неговото доаѓање во Далас е полн погодок

Дончиќ за Егзум: Неговото доаѓање во Далас е полн погодок

Словенечката супер-ѕвезда, Лука Дончиќ, зборуваше со американските медиуми на повеќе теми, а се осврна и на неговиот соиграч и бивш член на Партизан, Данте Егзум.

„Егзум се покажа како полн погодок. Засега е одличен, но знам дека нема да запре тука. Тој има огромно искуство и голем квалитет. Добивме феноменално засилување за ростерот и се надевам дека Данте ќе продолжи во ист ритам до крајот на сезоната. Пресреќен сум што е дел од нашиот тим.

Неговиот коефициент на интелигенција е исклучително висок. Точно знае што сака и умее да го разигра тимот кога е потребно. Некогаш „распалува“ со удари за три поени, а неговата „мека“ рака е навистина убиствена. Продира и под обрачите, асистира, а сето тоа го прави прекрасен соиграч“, изјави Дончиќ.

To top