– Помина многу време од мојата последна победа, па сум супер среќен како се чувствувам, како се снајде мојот тим и што ја носам на себе црвената маичка – рече Вингегор по трката, пренесе „Би-би-си“.
Рамната етапа од 157 км од Алба кулминираше со искачување од речиси 10 км со просечен наклон од повеќе од пет отсто, во дождливо време. Британецот Том Пидкок и Вингегор беа и меѓу групата возачи што се лизнаа на асфалтот на кружен тек блиску до последното искачување