Во Дневниот центар за активно стареење при ООЦК Крива Паланка успешно беа реализирани две едукативни работилници на кои околу 30-тина учесници се запознаа со основите на фотографијата, портретирањето и визуелното раскажување.
Работилниците насловени „Достоинствена старост низ фотографии што раскажуваат“, ги водеше ментор – професионален фотограф Ѓорѓи Костовски.
РАБОТИЛНИЦИ ЗА ФОТОГРАФИЈА СО ЛИЦАТА ОД ТРЕТО ДОБА
✨ Во Дневниот центар за активно стареење при ООЦК Крива Паланка…
Posted by Центар За Аудиовизуелни Уметности on Tuesday, August 26, 2025
Лицата од трето доба активно учествуваа во практичната работа и беа многу заинтересирани за стекнување на оваа вештина со која за првпат се среќаваат. Како краен резултат ќе се изработат уникатни фото-профили и тематски фотографии, што ќе бидат претставени на изложба отворена за сите граѓани, медиуми и локални институции, истакнаа од Дневниот центар за активно стареење при ООЦК Крива Паланка.
Активностите придонесуваат за поголема видливост, културно изразување и меѓусебно поврзување на лицата од трето доба.
Настанот е во организација на Центарот за аудиовизуелни уметности Крива Паланка, како дел од проектот „Здружени за активно граѓанство“ што го реализира НВО Инфоцентар, со поддршка на Европската Унија.