Во канцеларијата во Министерство за култура и туризам одржав значајна средба со делегацијата од Лајбниц Центарот за археологија во Мајнц (Leibniz-Zentrum für Archäologie – LEIZA, Mainz), предводена од генералната директорка проф. д-р Александра Буш, заедно со д-р Ингрид Штелцнер и проф. д-р Роланд Шваб, истакна министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.
Лајбниц Центарот е дел од престижното Лајбниц здружение на научни институции во Германија и претставува водечка светска институција во областа на археологијата и конзервацијата на културното наследство.
Во канцеларијата во Министерство за култура и туризам одржав значајна средба со делегацијата од Лајбниц Центарот за…
Posted by Зоран Љутков on Tuesday, August 26, 2025
Тој додаде дека на состанокот ја потенцирале важноста на соработката со оваа врвна меѓународна институција.
Сигурен сум дека преку заеднички проекти ќе придонесеме за развојот на археологијата, заштитата на културното наследство и промоцијата на богатата историја на нашата земја. Особено значење имаат можностите за заеднички истражувачки проекти, размена на експерти и примена на современи научни методи. Ова отвора врати за нашите стручњаци, а посебно за младите конзерватори, да се вклучат во меѓународни истражувачки тимови и да ја зголемат видливоста на македонската археологија на светската сцена. Верувам дека оваа соработка ќе донесе нов квалитет во професионалното усовршување и во зајакнувањето на институциите во областа на културата, објави министерот Љутков на својот фејбук профил.