Свет најголемиот активен вулкан во Европа

Еруптираше Етна

Институтот пријави обилна емисија на пепел од кратерот на врвот на вулканот, иако висината на облаците не можеше да се процени синоќа. Властите прогласија највисоко ниво на тревога за воздушниот сообраќај.

Еруптираше Етна

Вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија повторно еруптираше, соопшти Италијанскиот институт за геофизика и вулканологија (INGV).

Институтот пријави обилна емисија на пепел од кратерот на врвот на вулканот, иако висината на облаците не можеше да се процени синоќа. Властите прогласија највисоко ниво на тревога за воздушниот сообраќај.

Меѓународниот аеродром Катанија засега останува отворен. Етна, која се издига повеќе од 3.300 метри, е најголемиот активен вулкан во Европа.

Редовно еруптира и постојано се следи, а нејзините спектакуларни сцени привлекуваат голем број гледачи.

To top