Кошарка

Германците со најсилен состав на ЕП во кошарка

Германците со најсилен состав на ЕП во кошарка

Селекторот на германската кошаркарска репрезентација, Алекс Мумбру, го објави конечниот список од дванаесет играчи за Европското првенство во Латвија, Финска, Полска и Кипар, но на истиот не можеше да го вклучи Дејвид Крамер.

Во неговиот список се најдоа следните играчи: Исак Бонга, Оскар Да Силва, Тристан Да Силва, Јустус Холац Леон Крацер, Маодо Ло, Андреас Обст, Денис Шридер, Даниел Тајс, Јоханес Тиман, Јоханес Фохтман и Франц Вагнер.

Германија ја освои континенталната бронза во 2022 година, а следната сезона ја зеде планетарната круна. „Панцерите“ ќе играат против Финска, Велика Британија, Литванија, Црна Гора и Шведска во групната фаза на Евробаскетот.

To top