Џанлуиџи Донарума во Манчестер Сити. Играчот веќе ги договорил личните услови, двата клуба сè уште треба да се договорат.
Во моментот кога Пари Сен Жермен го отпиша италијанскиот голман, беше сосема сигурно дека Донарума ќе се пресели на „Етихад“.
Поранешниот голман на Милан веќе ги договорил личните услови, а останува двата клуба да се договорат за обештетувањето. Пари Сен Жермен сака најмалку 50 милиони евра.
Донарума беше еден од најважните фактори во походот кон титулата во Лигата на шампионите.
Во меѓувреме, Донарума одби да го продолжи договорот кој му истекува наредното лето, откако клубот не сакаше да ги прифати неговите услови.