Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Светислав Пешиќ, го објави конечниот список од 12 кошаркари кои ќе го бранат националниот дрес на претстојното ЕП.
На списокот се најдоа проверени имиња и носители на играта, меѓу кои Алекса Аврамовиќ, Стефан Јовиќ, Василије Мициќ, Богдан Богдановиќ, Марко Гудуриќ, Огњен Добриќ, Вања Маринковиќ, Никола Јовиќ, Филип Петрушев, Никола Јокиќ, Никола Милутинов и Тристан Вукчевиќ.
Овој состав претставува комбинација на искусни ѕвезди и талентирани млади играчи, со што Пешиќ јасно испрати порака дека Србија оди на континенталниот собир со највисоки амбиции.
Од поширокиот список отпаднаа тројца играчи – Никола Топиќ, Балша Копривица и Дејан Давидовац, кои сепак остануваат дел од плановите на селекцијата за идните натпреварувања.
ЕП 2025 се игра во Летонија, Кипар, Полска и Финска од 27 август до 14 септември, а Србите се во групата во Рига заедно со Летонија, Португалија, Естонија, Турција и Чешкаа.