Германскиот кошаркарски репрезентативец и еден од најпрепознатливите европски плејмејкери, Денис Шредер, за германското списание Stern разговараше за својот однос со татковината, предизвиците што ги доживеал како спортист од странско потекло, но и за своите амбиции за претстојниот ЕвроБаскет.
За разлика од Дирк Новицки, легендата на германската кошарка, кој беше речиси универзално славен и прифатен во својата земја, Шредер признава дека има подлабока и посложена врска со германското општество.
Сепак, денес, кога самиот ја носи капитенската лента на националниот тим и ги носи германските бои на најголемите натпреварувања, чувствува дека општеството не го прифаќа целосно.