Хроника ОВР Гостивар

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа на патот Гостивар-Кичево

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „пежо“ А.А., додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Т.Р. и З.Р. од истото возило, како и возачот на патничкото возило „голф“ Б.А., констатирани во Медицински центар Гостивар.

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа на патот Гостивар-Кичево

На 22.08.2025 во 12:10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистрален пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(48) од Гостивар, патничко возило „пежо“ со српски национални ознаки, управувано од М.Р.(38) од Република Србија и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(67) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „пежо“ А.А., додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Т.Р. и З.Р. од истото возило, како и возачот на патничкото возило „голф“ Б.А., констатирани во Медицински центар Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

To top