Македонија Саем-Отчет

Нацков: Градско вложува во најмладите, бесплатна градинка и оброк за сите деца и ученици

Нацков истакна дека со помош на Владата преку јавните повици за проекти на општините ќе се прошируваат капацитети на училиштето при што ќе се создадат услови и ќе се воведе едносменска настава.

Нацков: Градско вложува во најмладите, бесплатна градинка и оброк за сите деца и ученици

Бесплатна градинка за 60 деца и бесплатен оброк за учениците до петто одделение се два од најважните проекти реализирани за време на четиригодишниот мандат на градоначалникот на општина Градско, Кире Нацков, градоначалник на општина Градско на денешната трибина насловена „Четири години работа за тебе“ во рамките на денешниот настан Саем-Отчет за сработеното во мандатот на градоначалниците.

„Уште од почеток на мандатот имавме концепт дека најмногу треба да вложиме кај најмладите. Уште во првите 100 дена направивме бесплатна градинка за сите деца во општина Градско, а во првата година воведовме бесплатен оброк за секое дете од прво до петто одделение. За прв пат почнавме да стипендираме ученици од основно, средно училиште и студенти, воведовме и помош за новороденче“, рече Нацков.

Тој истакна дека со помош на Владата преку јавните повици за проекти на општините ќе се прошируваат капацитети на училиштето при што ќе се создадат услови и ќе се воведе едносменска настава.

Најнови вести од Македонија

To top