Кошарка 82:75

Македонските кошаркари со триумф ги завршија мундијалските претквалификации

Вајли со 23 поени беше најефикасен во македонските редови, а по 14 кошеви уфрлија Митревски и Ташовски.

Македонските кошаркари со триумф ги завршија мундијалските претквалификации

Македонската кошаркарска репрезентација со победа го заврши настапот во претквалификациите за пласман на Светското првенство, откако вечерва во Скопје ја совлада Унгарија со 82:75 во завршното коло во групата Б.

Избраниците на селекторот Марјан Илиевски заслужено дојдоа до премиерниот триумф и го контролираа резултатот во најголем дел од натпреварот во кој на полувреме заминаа со предност од 45-32, а во 35 минута имаа и највисоки 17 поени разлика.

Вајли со 23 поени беше најефикасен во македонските редови, а по 14 кошеви уфрлија Митревски и Ташовски.

За македонскиот состав ова беше прв триумф во групата Б во која заврши на последното место, откако во претходните три квалификациски дуели двапати загуби од Романија, а претрпе пораз и на првиот натпревар на гостински терен од Унгарија. (МИА)

Поврзани теми

To top