Колумни

Што очекувам од идниот скопски градоначалник?

Што очекувам од идниот скопски градоначалник?

После осум години на своеволност и водење инает и терање на сопствени агенди на Шилегов и Арсовска, очекувам новиот градоначалник да биде упорен, истраен, решителен, со детална агенда и рокови, но и вешт, а сепак умерен при несогласувања и недоразбирања кои би ги имал. Да се разбереме, не дека е се црно во периодот на Шилегов и Арсовска, но доколку беа барем малку по приземјени и кооперативни, ќе сработеа три пати повеќе.

На Шилегов му префрлам за продажбата на Градската куќа, кадровската чистка по секоја цена, глупирањето и експериментите со Универзална и секако глупиот проект со БРТ, за кој сум убеден дека немаше да смени бог знае што, а ќе ги усложнеше нештата, плус ќе ќинеше најмалку дупло.

На Данела со војната која ја крена со цела структура која неа ја донесе на власт, лажните ветувања кон граѓаните, распадот на систем во градискиот превоз и собирање на ѓубре, стотици поставени и сменети директори, но и шурувањето со ДУИ и Левица, иако за сосема нешто друго се залагаше во кампањата и веднаш по изборите.

Да се вратиме повторно на она што треба до прва да биде. Идниот градоначалник ќе има доста работа уште од првиот ден, пред се со големи проекти, па ќе мора да делегира смирени, искусни и лојални луѓе кои ќе превземат дел од товарот пред се околу сервисирање на проблемите на обичниот народ, и онаму каде службите затајуваат.

Големите проблеми се бројни. Пред се хигиената. Начинот и формата на прибирање на отпадот. Депомирањето, контејнерите, камионите, сатницата, но и интензитетот. Никаде во свет не сум видел контејнери по булевари и по автобуски станици и на сами велосипедски патеки. Обично истите се во сервиси улички, кои се секогаш достапни за возилата за да ги испразнат.

Паркирањето! Луѓето или ќе си најдат, обезбедат и купат сопствено паркинг место, или ќе си платат. Друго нема. Паркирање на улица, доколку истото не е планирано и обележани, нема. На тротоар, нема. Во трева, нема! И тоа е тоа. А за да пак има секогаш и секаде каде да се паркираат луѓето ќе мора и нови подземни, и надземни монтажни гаражи, но и да се исчистат и стават назат во функција сите неискористени или пренаменети паркиралишта.

Носење на нов Генерален урбанистички план за Скопје. Со визија и среднорочна и долгорочна. Секако и соработка со соседните општини како Чучер Сандево, Илинден, Сопиште, Петровец, Зелениково и Арачиново, затоа што и нивото планирање е врзано со севкупниот раст и развој на целиот Скопски плански регион. Станбените градби треба да се близу булеварите и пругата и градскиот воз, но и планирање на средните училишта и нивниот разој или пренамена. Истото се однесува и за здрвствените центри, но и подрачните служби, па и парковите, пазарите. Евидентно е дека на времето таков план се немало за средните уличишта, па оние, пред се стручните се на неколку купчиња или на не многу достапни и пристапни локации, а не соодвствуваат со развојот и ширењето на градот.

Градбата на градските артерии е исклучително битна, но Скопје уште повеќе му треба своевиден „градски автопат“ со вклучување и исклучување, со брз транзит. Она што булевар Никола Карев треба да е, а не е ,пред се ради пешакчиот кај Алкалоид, па раскрсницата накај Железара и Земјоделски факултет, и местото каде е сеопштиот хаос Пластичарска, како и следните два семафори, до Америкнастана амбасада кои целосно го парализираат градот во текот на денот. Сите овие точки мора да се решат на две нивоа, а Пластичарска треба да понира меѓу Тефејус и Битолски конгрес, а да се крене кај влезот во поранешната касарна Илинден. Горе улицата да си ја задржи обичната градска динамика. На ист начин единствено може да реши и Цветан Димов од Јаја Паша, па до паркот во Чаир. Понирање долу за брз проток, сите кои имаат локални потреби да останат да фуницонираат горе. Проширање и расчистувања на теренот е исклучително потребно кај Топаана од двете точки кај двата семафори, кон Џон Кенеди и Македонско косовска бригада каде ќе мора проширување кон Словенечка, и целиот северен дел на Скопје.

Под итно Градот мора да почне да ги гради трите кружни текови пред и по Дајмонд, но и излезите од подземниот булевар Македонија кон Цветен пазар и кон Рампа, за да се стави во функција веќе изградениот подземен булевар.

Рузвелтова ќе мора да се осмисли или на две нивоа или со кружни текови, затоа што има три раскрсници Козле до Треска на нецели 200 метри. Тука е главаната кочница во сообраќајот према Карпош и Ѓорче, од Центар

Партизанска не смее да го изгуби средишното зеленило, туку доколку воопшто се тера кобцептот за трамвај, истиот да си остане на првите ленти до тротоарите, ако ништо друго, барем ќе ги спречи сезнајковците кои паркираат „на кратко, за минута само“ а колите со четири жмигавци блокираат цел сообраќај.

Мостовите преку Вардар се исклуително битни. Приоритет мора да се двата веќе изградени, оној во Карпош кон Злокуќани, како и овој од Аеродром, кон Ист Гејт. Со нивно пуштање и ставање во функција ги имало многу поголем проток на сообраќај и помалку гужви во шпицовите.

На Скопје дефинитивно му фали тунелот под Кале. Од Водњанска, преку Свети Климент, директ на Пластичарска и Македонско Косовска. Му треба мост и од Карпош 4, директ кон Лепенец кај Канал 5 телевизија, по Марк Твен преку пругата и кон Ново село и Волково.

Уште два моста едниот кај Ново Лисиче према Вардариште и Маџари, и оној веќе постоечкиот до пругата во Лисиче кон Хиподром. Може да се подобри, среди, прошири и исправи трасата од Драчево кон Јурумлери.

Секако, истите овие траси потребно е да бидат вклучени и во јавниот превоз, затоа што системот кој низ годините се развивал, е таков што сите пригадски места ги насочувал кон центарот, а многу слабо чериси вооопшто не комуницираат меѓусебно.

Ова е само мал дел од она што јас лино го имам како очекување од следната градска власт. Продолжувам со насписи од овој вид во периодов кој следи.

Александар Ристевски

To top