Македонската машка кошаркарска репрезентација нема да биде дел од квалификациите за СП во Катар, но има уште една шанса да дојде до првата победа во претквалификациите и тоа на мечот со Унгарија на домашен терен во Скопје.
You are here
Илиевски: Имаме добра енергија, но проблемите од клубовите излегуваат на виделина!
• Саше Љолес

Македонската кошаркарска репрезентација нема да биде дел од квалификациите за Светското првенство во Катар, но има уште една шанса да дојде до првата победа во претквалификациите.
Реклама
Во среда навечер во салата на СРЦ „Кале“, ќе ни гостува репрезентацијата на Унгарија. Екипа која беше подобра на теренот во Солнок, но нашите избраници веруваат дека можат да бидат подобри во Скопје.
Ќе биде уште потешко ако се земе предвид дека селекторот Марјан Илиевски нема да може да смета на еден од најискусните, Адем Мекиќ, кој има повреда на десното колоно, а надвор од тимот е и Марко Миловановиќ, поради здравствени проблеми.
„Најавеното на првата прес-конференција беше дека градиме тим за иднината. Се запознавме овој месец, сите овие играчи не настапуваат во едно квалитетно натпреварување, или нивните клубови не играат меѓународни натпреварувања, па играчите немаат важна улога во своите тимови.
Можеби ќе ја задржиме добрата енергија во тимот, тоа ме радува. Играчите кои се овде покажаа одредени квалитети, мислам дека требаа да имаат простор да добијат шанса во своите клубови, па така и клубовите да добијат од нив, но и ние како репрезентација, затоа што овие играчи не се штедат воопшто и се големи борци и работници.
Минавме заедно краток временски период, но сите што одговорија на нашиот повик, тренираа максимално коректно и го дадоа својот максимум. Сите се согласни дека голем проблем е малата минутажа во клубовите, но забележително е дека имаме одреден напредок.
Немаме доволно идеи во нападот, а тоа во клучните моменти од мечевите оди во полза на противникот. Работиме да ја кренеме самодовербата на играчите и сакаме да создадеме поинаков менталитет. Имаме добра енергија и хемија, но мора напорно да работиме“, рече Илиевски.
Македонија
Унгарија