Фудбал „Нема потреба од тоа“

Премиерлигашки натпревари нема да се играат надвор од Велика Британија

Концептот за играње на лигашки натпревари во странство, со цел зголемување на популарноста и приходите од меѓународниот пазар, го промовираат Американците, особено кога станува збор за професионалната американска фудбалска лига (НФЛ) и кошаркарската НБА лига.

Премиерлигашки натпревари нема да се играат надвор од Велика Британија

Претседателот на Премиер лигата, Ричард Мастерс, категорично ја отфрли можноста англиските фудбалски клубови да играат некои од своите натпревари од Премиер лигата во странство, јавија денеска британските медиуми.

„За ова прашање се дискутираше пред десет години. Во тоа време се сметаше дека ова може да ја зголеми популарноста на Премиер лигата на меѓународниот пазар. Сепак, денес повеќе нема потреба од тоа, бидејќи Премиер лигата е веројатно најатрактивната и најгледаната фудбалска лига во светот. Како заклучок, ваквите планови повеќе не постојат“, рече Мастерс.

Концептот за играње на лигашки натпревари во странство, со цел зголемување на популарноста и приходите од меѓународниот пазар, го промовираат Американците, особено кога станува збор за професионалната американска фудбалска лига (НФЛ) и кошаркарската НБА лига.

Во Англија, оваа тема повторно се појави во медиумите откако италијанската Серија А и шпанската Ла Лига објавија дека ќе играат по еден натпревар во Австралија и САД во новата сезона. Согласно најавите, натпреварот од 24 коло од Серија А меѓу Милан и Комо треба да се игра на 8 февруари 2026 година во австралиски Перт, додека дуелот од 17 коло од Ла Лига меѓу Барселона и Виљареал ќе се игра на стадионот „Хард Рок“ во Мајами на 21 декември оваа година. Сепак, за да се случи ова, Серија А и Ла Лига мора да добијат „зелено светло“ од УЕФА и ФИФА.  (МИА)

To top