Што се случува кога не се крстите правилно и зошто е важно тоа?
Одејќи на црква, манастири и на присуство на миса се примеува дека многу голем број од луѓето не знаат воопшто да се прекрстат. Зар не е тажно тоа?! Луѓе по 50, 60, 70 годишна возраст цел живот погрешно се прекрствуваат. Да не зборувам за младата популација.
Како правилно да се прекрстите?
Со десната рака. Спојте ги палецот, показалецот и средниот прст заедно, што симболизира Света Троица (Отецот, Синот и Светиот Дух). Другите два прста (домалиот и малиот) треба да бидат свиткани кон дланката, што претставува двете природи на Исус Христос божествената и човечката.
Допирање на чело. Ставете ги споените прсти на челото, симболизирајќи ја Божјата мудрост и небесното царство.
Допирање на стомакот (или горниот дел од градите). Потоа, спуштете ја раката на долниот дел од градите, што претставува Христовото понижување и неговото доаѓање на земјата.
Допирање на десното рамо. Префрлете ја раката на десното рамо, што означува праведноста и местото на спасените.
Допирање на левото рамо. На крај, префрлете ја раката на лево рамо, кое симболизира покајанието и борбата против гревот.
Завршување со благослов. Некои луѓе завршуваат со лесен наклон или бакнување на раката, како знак на почит.
Што се случува ако не се крстите правилно?
Многу луѓе се прекрстуваат брзо, невнимателно и на погрешен начин, без да размислат за значењето на овој свет гест. Но, во православието, крсниот знак не е само обично движење на раката, тоа е молитва со телото, благослов и заштита.
Наместо благослов, правиме обична гестикулација која ништо не значи ниту се формира духовна заштита.
Ако само мафтаме со раката или не ги ставаме прстите како што треба, тогаш не го изразуваме вистинското значење на крсниот знак. Станува нешто површно, а не духовен чин.
Не му укажуваме почит на Бога и нашите молитви не стигнуваат до Бога. Начинот на кој се прекрстуваме покажува дека сме свесни за Божјото присуство. Ако го правиме неправилно, изгледа како да не ни е важно и само да се помине низ редот.
Со неправилно прекртување губиме од духовната сила и заштита која веќе ја имаме стекнато. Крсниот знак е духовен штит од демоните. Ако не се прекрстуваме правилно, сами се лишуваме од оваа заштита. Ако децата или другите луѓе нè гледаат како се крстиме неправилно, и тие ќе го прават истото, мислејќи дека е во ред. Така се губи вистинското значење на оваа света традиција.