Фудбал

Њукасл се засили со Џејкоб Ремзи

Њукасл се засили со Џејкоб Ремзи

24-годишниот Џејкоб Ремзи, е нов член на Њукасл јунајтед, со кого потпиша петгодишен договор, објави англиската Премиер лига во неделата.

Клубот не ги објави финансиските детали за овој трансфер, но англиските медиуми објавија дека е договорена компензација од 40 милиони фунти (околу 46 милиони евра).

„Ова е голем потег за мене, но штом дознав дека тренерот е заинтересиран и дека навистина му се допаѓам, не ми требаше долго време да донесам одлука“, изјави Ремзи за официјалната веб-страница на Њукасл јунајтед (newcastleunited.com).

To top