Возачот на Дукати, Марк Маркез, е победник на Големата награда на Австрија во шампионатот Мото ГП, која ја извозе за 42 минути и 11 секунди.
Второто место го освои Фермин Алдегер од тимот на Гресини, додека Марко Безеки од Априлија го комплетираше подиумот и заврши на третото место.
По нив следуваа асот на КТМ, Педро Акоста, и неговиот тимски колега, Енеа Бастијанини, а потоа целта ја минаа Џоан Мир, Франческо Бањаја и Раул Фернандез.
Марк Маркез ја потврди својата доминација со победата на главната трка, а претходно славеше и во спринтот на „Ред Бул Ринг“ во Австрија.
За него ова беше прва победа на оваа патека.
Шпанскиот возач е лидер во генералниот пласман со 418 бодови, зад него е Алекс Маркез со 276, а третото место засега му припаѓа на Пеко Бањаја, кој има 221 бод.