Фудбал официјално

Ван Де Бек се пресели во Бундеслигата

Ван Де Бек се пресели во Бундеслигата

Во првиот ден од Новата Година го имаме и првото засминување од Манчестер Јунајтед, Холанѓанецот Дони Ван Де Бек кариерата ја продолжува во германски Ајнтрахт.

Холанѓанецот се пресели на позајмица во Ајнтрахт и во редовите на бундеслигашот ќе се обиде да ја врати формата од времето кога го носеше дресот на Ајакс.

Ајнтрахт презема дел од платата на Ван Де Бек, а доколку одлучи да го откупи договорот ќе треба да плати 11 милиони евра и три преку евентуални бонуси. Долго време 26-годишниот Холанѓанец не е во плановите на Ерик Тен Хаг, па затоа одлуката да ја промени средината и не е изненадување.

Сезонава Ван Де Бек одигра само три минути во Премиер лигата и тоа на 30-ти септември против Кристал Палас

To top