Кошарка

Василије Мициќ го пропушта ЕП?

Василије Мициќ го пропушта ЕП?

Поради повреди, Ален Смаилагиќ и Урош Трифуновиќ не отпатуваа во Германија, а најголемата мистерија за селекторот е состојбата на Василије Мициќ.

„Не е сјајно. Смаилагиќ и Трифуновиќ сè уште не се подготвени за тренинг. Се обидуваме со Васа да го вратиме, но не оди според планот, како што предвидовме. Васа се обидува, се обидува малку, но сè уште е чувствува болка. Ќе видиме, во следните неколку дена ќе мора полека да носиме одлуки, но главно останатите играчи се добро.

Продолжуваме да тренираме, да работиме. Секако, сме загрижени за овие повреди. Морам искрено да кажам, најмногу ме загрижува дали воопшто ќе можеме да сметаме на Мициќ. И тој се обидува, и ние се обидуваме да го вратиме, но тешко е.“

Мициќ е долгогодишен член на националниот тим. Својата кариера ја изгради во Европа, а најголемиот успех го постигна со Анадолу Ефес, со кого ја освои Евролигата во 2021 и 2022 година, заедно со наградите за најкорисен играч во сезоната и Фајнал Фор во 2021 година

To top