Фудбал

Кингсли Коман е нов играч на Ал Наср

Кингсли Коман е нов играч на Ал Наср

Кингсли Коман е нов член на саудискиот гигант Ал Наср. Клубот од Саудиска Арабија, за кој игра Кристијано Роналдо, го објави трансферот на 29-годишниот Французин.

Претходно беше објавено дека Баерн ќе го продаде играчот за 35 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите.

Коман потпиша договор до 2028 година. Неговата плата ќе биде 20-25 милиони евра по сезона.

To top