Тимот на ГРК Охрид е првиот финалист на Меѓународниот 53. ракометен турнир кој се игра во Струга откако забележа втора победа во вториот настап.
Тимот на Ројевиќ во мечот кој требаше да биде дуел на денот, а не беше воопшто близок, славеше над турскиот ривал Бурса (38-28) и обезбеди место во дуелот за трофеј.
Најефикасен играч на мечот беше Билим од Бурса со десет постигнати гола, додека кај охриѓани, Ојлески даде шест гола, пет имаше Лиапис, додекаа со четири заврши Стрмњан. Голманот Чаневски забележа осум одбрани и еден гол.
Во третиот ден на турнирот, играат Бурсаспор и Струга (18:30), а потоа следи мечот кој ќе го даде вториот финалист, меѓу Тиквеш и Бутел Скопје (20:40).