Свет

Ал Арабија: Посредниците предлагаат 48-часовна хуманитарна пауза во Појасот Газа

Посредниците во преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа предложија хуманитарна пауза во палестинската енклава во траење од 48 часа, што би била дополнителна хуманитарна пауза покрај постојната од 10 часа, јавува саудиската телевизија Ал Арабија.

Според непотврден извештај, палестинската милитантна група Хамас се согласила со предлогот, но Израел одбил, додека притисокот од медијаторите продолжува, објавува „Тајмс оф Израел“.

Израел, Хамас и посредниците вложуваат напори за повторно започнување на разговорите, откако тие не успеаја во јули и откако владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одобри планови за инвазија на градот Газа, пренесува израелски портал.

Израел, Хамас, САД и неколку земји од Блискиот Исток неделава ќе се состанат за да разговараат за договор што би можел да стави крај на 22-месечната војна и да ослободи 50 заложници што ги држеше терористичката група во Газа, од кои се верува дека најмалку 20 се уште се живи.

To top