Фудбал трансфер

Давид Бабунски пред промоција во Абердин

Повремениот македонски репрезентативец Давид Бабунски, е пред останување во Шкотска, но би можел да го смени тимот и да потпише за Абердин. Според шкотските медиуми, Абердин е заинтересиран за потписот на играчот од средниот ред, и наскоро треба да дојде до соработка.

Бабунски е без клуб откако се раздели со Данди Јунајтед, каде ја мина минатат сезона откако пристигна од Мезоковешд. За шкотскиот клуб одигра 20 натпревари и постигна еден гол и една асистенција.

Во својата кариера Бабунски има настапувано и за Дебрецен, Виторул, Ботошани, Омија, Јокохама, беше дел и од Црвена Звезда, и од Барселона каде настапуваше за младинскиот тим и за Б тимот на „Каталонците“. За националниот тим на Македонија има одиграно 18 натпревари.

To top