Фудбал

Донарума се договори со Сити

Донарума се договори со Сити

Џанлуиџи Донарума (26), чиј договор со ПСЖ истекува за 11 месеци, веројатно ќе ја продолжи кариерата во Манчестер Сити.

Францускиот весник „Лекип“ тврди дека италијанскиот голман веќе ги договорил условите на договорот со „Граѓаните“, вклучувајќи ја и годишната плата.

Според нивните изјави, раководството на ПСЖ бара обештетување од 50 милиони евра, а сè што останува е клубовите да го договорат обесштетувањето.

ПСЖ веќе го пронајде наследникот на Донарума, а тоа е Лукас Шевалие, за кого Лил ќе добие 55 милиони евра обештетување (вклучувајќи бонуси).

 

To top