Тренерот на ПСЖ Луис Енрике реши да даде објаснување за тоа зошто го отстрани Џанлуиџи Донарума од тимот.
– Неговото изоставувањето од тимот е моја одлука и јас сум 100% одговорен. Сакам голман со поинаков стил од тој на Донарума и затоа донесов таква одлука. Нема сомнение дека е еден од најдобрите голмани во светот, изјави Енрике.
Европскиот првак во летниот преоден рок ги донесе Лук Шевалие и Ренато Марин на голманската позиција.
Донарума им се обрати на фановите на ПСЖ и истакна дека немал намера да го напушти клубот и Париз, пред да ми истече договорот.