Екипата на Лос Анџелес Лејкерс го претрпе седмиот пораз во последните девет натпревари откако загуби на гостувањето кај Њу Орлеанс со 109-129.
Овие седум порази се претрпени по триумфот во НБА купот по што дојде до огромен пад во формата и играта на Лејкерс, па поранешниот шампион е на десеттата позиција на табелата во Западната конференција, последна која води во плејин.
Се на натпреварот во Њу Орлеанс беше решено во првото полувреме во кое домашниот тим направи предност од 17 поени разлика, а постигна 74 поени.
До крајот на мечот Лејкерс не успеаја да се симнат на едноцифрена негатива, па Пеликанс немаа никаков проблем да дојдат до 19. победа во сезоната.
На Лејкерс не им помогнаа ни 34 поени на Леброн Џејмс кој иако пред два дена наполни 39 години, се уште е главен играч во тимот. Њу Орлеанс ги имаше Инграм и Вилијамсон кои постигнаа по 26 поени.
Бостон остана најдобар тим во лигата по триумфот против Сан Антонио со 134-101. Тејтум и Браун беа најефикасни со 25, односно 24 поени, а Васел и Вембанјама го предводеа противничкиот тим.
РЕЗУЛТАТИ Вашингтон – Атланта 126-130 Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс 129-109 Оклахома – Бруклин 124-108 Сан Антонио – Бостон 101-134 Мемфис – Сакраменто 92-123 Феникс – Орландо 112-107