Ракомет

Кадетките убедливо загубија од Романија

Кадетките убедливо загубија од Романија

Македонската кадетска ракометна репрезентација убедливо загуби со 25-40 во борбата за 21. место на Европското првенство.

Младите наши ракометарки не можеа да парираат уште од стартот, па ривалките го казнија тоа со високо водсто. Уште во првиот дел рано Романија ја прејде линијата од десет гола предност, а на пауза се замина со 10-22.

Во доста поефикасно второ полувреме даде петнаесет гола, меѓутоа сепак претрпе висок пораз.

Овој неуспех и пласман на 22. позиција за кадетките значи пад во Б-дивизијата и настап ЕХФ шампионат во 2027 година.

To top