Македонскиот суперлигаш Алкалоид новата сезона ја почна со победа на контролен натпревар што се одигра во Маврово против екипата на Прилеп.
Овој меч се играше 3х25 минути, а заврши со победа од 43-30 за скопскиот состав. Двајцата тренери во 75-те минути имаа можност да ги пуштат во игра сите расположливи ракометари, а акцентот беше на проверки на силите на двата тима и адаптација на новите играчи.
Со овој меч, Алкалоид ги затвори подготовките во Маврово и се врати во Скопје, каде што ќе остане една недела по што, следниот петок заминува надвор од Македонија и ќе игра контролни натпревари со екипи од Србија, Хрватска и Словенија.