Кошарка

Макаби ТА го бара Серж Ибака

Макаби ТА го бара Серж Ибака

Макаби Тел Авив ја следи ситуацијата околу Серж Ибака и сака да го доведе во своите редови.

Ибака го напушти Реал Мадрид на почетокот на јули, а според израелскиот новинар Мозес Барда,

Макаби ТА сериозно размислува да го ангажира 35-годишниот кошаркар. Тој минатата сезона играше нешто помалку од 18 минути во просек во Евролигата и во тој период бележеше по 6,2 поени, 3,2 скока и 0,7 блокади по натпревар.

Макаби го официјализираше доаѓањето на Џеф Даутин Џуниор, кој пристигна во Израел од Филаделфија. Пред тоа, пристигна и неговиот соиграч од Филаделфија, Лони Вокер.

To top