Кошарка

Фенербахче сака да го врати Фонтекио

Фенербахче сака да го врати Фонтекио

Фенербахче, сака да го ангажира Симоне Фонтекио, актуелниот кошаркар на Мајами Хит и италијанската репрезентација.

Фонтекио е во НБА веќе неколку години, но би можел да ја напушти ова лето, бидејќи Мајами не смета на него.

Претходната година потпиша двегодишен договор вреден 16 милиони долари со Детроит, по завршувањето на сезоната беше трејдуван во Мајами, но би можел да биде отпуштен бидејќи франшизата не сака да плаќа данок на луксуз. Тука Фенербахче ја гледа својата шанса.

Фонтекио ја напушти Евролигата и замина во НБА во 2021 година, а претходно го носеше дресот на Виртус, Олимпија, Реџана, Алба и Басконија.

To top