Ракомет

Пелистерци се преселија во Златибор за втората фаза од подготовките

Пелистерци се преселија во Златибор за втората фаза од подготовките

Ракометарите се преселија тренинг базата во Златибор за висинскиот дел од подготовките за новата сезона.

Пелистерци досега тренираа во Битола, а сега се преселија во Златибор и таму ќе престојуваат десет дена. Тренерот Рубен Гарабаја се запозна со играчите и почна да ја наметнува својата филозофија во редовите на македонскиот првак пред стартот на новата сезона.

Во следниот период битолчани ќе тренираат во Златибор,ќе одиграат еден тест натпревар, а по оваа фаза следува завршницата од подготовките за кога се закажани настапи на турнири во Охрид и Скопје.

Еурофарм Пелистер првите официјални натпревари ги игра во септември, на трети шампионот ќе игра во Суперкупот против Вардар, а потоа на 6 или 7 септември го игра првото коло на Суперлигата против Бутел и неколку дена подоцна стартува во Лигата на шампионите.

To top