Ракомет

Македонија ја победи Турција

Македонија ја победи Турција

Македонската кадетска репрезентација одигра натпревар против репрезентацијата на Турција на Европското првенство во Црна Гора, за ракометарки до 17 години.

Македонија ја победи Турција со 30:27, во возбудлив и неизвесен меч исполнет со многу борба и енергија.Натпреварот започна израмнето, со борбена игра од двете страни.

Ниту една репрезентација не успеа да се одлепи резултатски во првите минути. Во 15-тата минута Турција поведе со 9:7, но нашите ракометарки брзо реагираа и успеаја да израмнат на 10:10.До крајот на првото полувреме се водеше изедначена битка, без значајна разлика во резултатот. Па заминаа на одмор со нерешен резултат – 14:14.

Во второто полувреме Турција започна подобро и со серија од три гола поведе со 17:14. Сепак, македонската селекција не се откажа и во 36-тата минута повторно изедначи на 17:17. Натпреварот продолжи во исто темпо се играше гол за гол.

Македонија во 49-тата минута со серија од 2-0 успеа за прв пат да поведе со 26:23. Нашите кадетки успешно ја одржуваа оваа минимална предност до самиот крај на натпреварот. Па успеаја да триумфираат со конечни 30:27.

Најефикасни од нашата репрезентација беа Беровиќ со осум и Лашкоска со седум погодоци.

To top