Фудбал

Ханси Флик пречкрта уште еден бунтовник

Ханси Флик пречкрта уште еден бунтовник

Тренерот на Барселона  Ханси Флик им даде шанса на речиси сите играчи, но едно име беше отстрането од тимот. Станува збор за младиот бек Хектор Форт, за кого, очигледно, се одбројани деновите на „Ноу Камп“. Имено, за тоа зборуваше и новинарот на „Ас“, ХавиМигел.

–Деновите на Хектор Форт се одбројани. Клубот нема намера да му даде место во почетниот состав. Жерар Мартин ќе биде дел од првиот тим – посочи Мигел.

Шпанскиот новинар, исто така,истакнува дека Флик му рекол на младиот фудбалер да си ги спакува работите, дека веќе размислува за нова дестинација и дека не е во плановите за новата сезона. Секако, интересно е што Форт беше еден од неколкутемина играчи на Барселона што го бојкотираа

Флик на крајот од минатата сезона, се разбира, главно, поради неговиот став кон нив. Сепак, Германецот, очигледно, го прави она што е правилно за клубот и ужива голема доверба од раководството предводено од ЖоанЛапорта.

To top